| четврток, 6 декември 2018 |

Следната година ќе ги чекаме на нож англиските хулигани

huligani

Европското првенство во Франција, за жал, беше во сенка на англиските и руските хулигани, кои направија вистински хаос низ улиците на Марсеј, а по се изгледа истото сценарио се поготвува и за Светското првенство во 2018 година. Нетрпеливоста помеѓу руските и англиските фанови дојде до точка на вриење, а двете групи веќе потврдија дека ги започнале подготовките, се со една единствена цел, што е можно подобро подготвени да го дочекаат стартот на Мундијалот во Русија и да се пресметаат.

Лидерот на руската навивачка група “Гладијатори”, откри дека големите нереди кои се случија за време на ЕП 2016, биле нарачани.

– Помеѓу хулиганите имаше и членови кои се дел од специјалните единици на Русија и имаа за задача „да ја освојат“ Европа. Беше смешно, 200 професиналци против скоро 2 000 аматери…

Еден од членовите на истата група, Денис, кој вели дека се подготвува за хаосот на СП 2018, открил уште неколку интересни детали.

– Ние често пати тренираме еден вид на улични борби. Се подготвуваме за физичките пресметки кои се случуваат низ градовите. Кога е во прашање СП во Русија, англиските навивачи можат да дојдат за да видат што ќе им се случи. Ќе има такви кои ќе се обидат да направат нешто. Подобро е да бидат покрај сопругата и нивните деца, затоа што ако бидат во машко друштво, сигурно ќе добијат некој удар, изјавил Денис.

По се изгледа престојното Светско првенство за некој ќе биде спортски празник, додека за други ќе биде фестивал на насилство.

– Англичаните се нашите природни непријатели, затоа што тие го измислија хулиганството и нормално дека ги чекаме и тоа не било како, била пораката на руските хулигани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top