| четврток, 6 декември 2018 |

Принцезата ослободена од затајување данок

Шпанската принцеза Кристина, сестра на шпанскиот крал Фелипе Шести, е ослободена од обвинението за соучесништво во затајување данок,

Принцезата беше обвинета дека му помагала во затајувањето данок на нејзиниот сопруг, поранешениот шпански ракометар Инаки Урдангарин, кој за ова дело беше осуден на казна затвор од шест години и три месеци.

Истражители од Балеарските Острови во 2014 година ја осомничија принцезата за соучесништво во оваа коруптивна афера, нагласувајќи дека таа има „граѓанска одговорност“ како и секој друг граѓанин на Шпанија, независно што е сестра на кралот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top