| четврток, 6 декември 2018 |

Уште не е официјално разведен, но е официјално вљубен – ова е новата девојка на Марк Ентони

mark

Се шушкаше дека Марк Ентони по разделбата од Шенон де Лима ќе побрза да се врати кај Џенифер Лопез, но не! Тој среќата си ја најде крај манекенката Маријана Даунинг.

mark2

Иако процесот на развод од Шенон не е завршен, Марк веќе ужива во врската со 21-годишната манекенка. Извор на ТМЗ наведува дека Марк и Маријана се видени на вечера во Мајами, каде што размениле разговори и по некоја нежност, а на Марк можело да се види дека, навистина, ужива во дружење со оваа убавица.

mark3

По вечерата, Марк и Маријана се сретнале и наредниот ден, па дружењето е продолжено со недели. Манекенката сега го следи Ентони на неговите настапи, а неодамна биле и на одмор на Карибите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top