| четврток, 6 декември 2018 |

Триесетдневен притвор за очувот кој ги силувал двете малолетни ќерки

Триесет и петгодишниот Б.И. (35) од с.Љубин, скопско, заработи кривична пријава од тетовската полиција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.

Во средата Н.И.(46) од Тетово во полициска станица го пријавила нејзиниот невенчан сопруг Б.И. дека во повеќе наврати ги повикувал нејзините две ќерки од претходните невенчани бракови, над кои во повеќе наврати вршел полови дејствија.

Пријавениот е лишен од слобода и на истиот изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top