Вчера во 14.00 часот на обиколниот пат на Скопје, кај клучктаа Стенковец, се случила сообраќајна незгода помеѓу две возила, „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б. (57) од Скопје и „фолксваген пасат“ со дипломатски регистарски ознаки, сопственост на амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија, а управувано од Д.Ј. (47) од Загреб, Р. Хрватска, а со престој во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОУСН-Скопје.
Повредени лица нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.