| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ѝ ја нуди Македонија на ДУИ за да ја уништи ВМРО-ДПМНЕ

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Зо­ран За­ев ја има нај­те­шка­та ми­си­ја во сво­ја­та кон­тро­верз­на по­ли­тич­ка ка­ри­е­ра. Да­ли да ги про­гол­та си­те на­ци­о­на­ли­стич­ки ба­ра­ња на ДУИ и на ал­бан­ски­от блок со цел да дој­де во си­ту­а­ци­ја по кра­тка по­стап­ка да го ап­си ра­ко­водс­тво­то на ВМРО-ДПМНЕ или да оста­не без вла­ста по би­тка­та во ко­ја ги за­гу­би це­ли­от свој диг­ни­тет и авто­ри­тет, би­тка во ко­ја вло­жи тол­ку мно­гу до­се­га? Ако ја сви­тка „кич­ма­та“ пред ко­ор­ди­ни­ра­ни­те и хо­мо­ге­ни­зи­ра­ни ал­бан­ски пар­тии уште ед­наш ка­ко што нај­а­ви пред не­кол­ку го­ди­ни во вр­ска со ме­ну­ва­ње на устав­но­то име, тој мо­же да вла­дее. Но, ве­ро­јат­но, тоа ќе би­де нај­дра­ма­тич­но вла­де­е­ње во исто­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја. И спро­ве­ду­ва­ње­то и нес­про­ве­ду­ва­ње­то на ал­бан­ска­та пла­тфор­ма во зем­ја­та ќе пре­диз­ви­ка се­ри­оз­ни по­ли­тич­ки тур­бу­лен­ции. Ако За­ев ги на­те­ра сво­и­те со­пар­тиј­ци да се сог­ла­сат на дво­ја­зич­ност на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја и ако по­доц­на вле­зе во аван­ту­ра да го ме­ну­ва устав­но­то име (спо­ред СДСМ во 2008 го­ди­на за 6 ме­се­ци ќе се ре­ши име­то и Ма­ке­до­ни­ја ќе вле­зе во НА­ТО и ќе поч­не пре­го­во­ри со ЕУ), за што до­а­ѓа­ат сѐ по­го­лем број нај­а­ви од све­тот, тој и не­го­ва­та вла­да ќе се со­о­чат со пе­кол мно­гу по­го­лем од тој со кој се со­о­чу­ва­ше Гру­ев­ски во пос­лед­ни­те 24 ме­се­ци. И ту­ка не­ма да би­дат важ­ни ВМРО-ДПМНЕ и Гру­ев­ски, ту­ку обич­ни­от на­род, кој ед­но­став­но не­ма да му го про­сти нај­го­ле­мо­то пре­дав­ство.

И за­тоа е чуд­но што иа­ко За­ев е це­лос­но све­сен со ка­кви пре­диз­ви­ци ќе се со­о­чи, ин­си­сти­ра да при­фа­ти не­што за што ве­ру­вам де­ка ни­ту еден друг нор­ма­лен по­ли­ти­чар не би ни раз­го­ва­рал. И тој са­ми­от да не е све­сен, во СДСМ има свес­ни лу­ѓе што зна­ат да со­бе­рат 2 и 2 и да му ка­жат де­ка ка­ква би­ло вла­да во ко­ја стол­бот што ја га­ран­ти­ра ста­бил­но­ста е со­ста­вен од ал­бан­ска­та пла­тфор­ма не мо­же да ѝ до­не­се ни­што до­бро на Ма­ке­до­ни­ја. Не де­ка Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја мис­лат де­ка за нив е по­до­бра по­дел­ба на др­жа­ва­та и уни­фи­ка­ци­ја со Ал­ба­ни­ја и со Ко­со­во. Свес­ни се де­ка единс­тве­на Ма­ке­до­ни­ја во ко­ја мо­жат без ни­ка­кви проб­ле­ми да ги за­др­жат и да ги над­гра­дат еко­ном­ски­те, кул­тур­ни­те, се­меј­ни­те и дру­ги­те вр­ски со сво­и­те бра­ќа во со­седс­тво­то е нив­ни­от нај­го­лем бе­не­фит, кој го жи­ве­ат и во пос­лед­на­та де­це­ни­ја отка­ко е ВМРО-ДПМНЕ на власт.

 

Зо­што Гру­ев­ски е преч­ка?

Се­пак, ако мо­жат, Ал­бан­ци­те ќе ја иско­ри­стат се­ко­ја мож­ност за да ста­нат по­се­бен др­жав­но-пра­вен суб­јект на ет­нич­ка ос­но­ва за раз­ли­ка од си­те дру­ги по­ма­ли мал­цинс­тва иа­ко за тоа не ги ис­пол­ну­ва­ат ни­ту ме­ѓу­на­род­ни­те стан­дар­ди ни­ту, пак, Охрид­ски­от до­го­вор, кој, спо­ред нив, е кру­на на по­бе­да­та на ОНА во 2001 го­ди­на. И, се раз­би­ра, во исти­от мо­мент ќе за­бо­ра­ват де­ка Гру­ев­ски, иа­ко ри­зи­ку­ва­ше гу­бе­ње на под­др­шка­та кај Ма­ке­дон­ци­те, го приз­на Ко­со­во, на­пра­ви до­го­вор за ам­не­сти­ја на ха­шки­те слу­чаи и спро­ве­де де­мар­ка­ци­ја на гра­ни­ца­та со При­шти­на.

Се­га, во си­ту­а­ци­ја ко­га За­ев по се­ко­ја це­на са­ка да го де­мон­ти­ра ВМРО-ДПМНЕ и да го уап­си це­ли­от врв на пар­ти­ја­та, ал­бан­ски­те пар­тии ќе му по­мог­нат во тоа ако има­ат свој ин­те­рес за­тоа што кол­ку што Гру­ев­ски во пос­лед­на­та де­це­ни­ја ра­бо­те­ше и за Ал­бан­ци­те тол­ку и бе­ше преч­ка за по­на­та­мош­на ми­ли­та­ри­за­ци­ја на ал­бан­ско­то оп­штес­тво, што не им од­го­ва­ра на го­лем дел од ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки ли­де­ри иа­ко дел од нив ток­му од Гру­ев­ски ба­ра­ле под­др­шка и за­шти­та пред ку­ма­нов­ски­те на­ста­ни.

Енер­гич­на­та ре­ак­ци­ја на ма­ке­дон­ски­те без­бед­нос­ни служ­би во Бро­дец и во ку­ма­нов­ско­то Ди­во На­се­ље, ка­ко и бе­ском­про­мис­на­та би­тка со ис­лам­ски­от ра­ди­ка­ли­зам кој, пред сѐ, е опас­ност за ур­ба­на­та, на­пред­на и мо­дер­на европ­ска и ал­бан­ска ин­те­ли­ген­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, по­ка­жа де­ка Гру­ев­ски е преч­ка пре­ку ко­ја ал­бан­ски­те пар­тии не мо­жат да по­ми­нат во оби­дот да ги на­мет­нат сво­и­те ин­те­ре­си во кои не­ма ме­сто ни­ту за Ма­ке­дон­ци­те ни­ту за дру­ги­те. За­тоа, во ус­ло­ви ко­га дел од ал­бан­ска­та по­ли­тич­ка аген­да во зем­ја­та ар­ти­ку­ли­ра и ра­ди­кал­ни ка­у­зи во кои не се иск­лу­чу­ва­ат, ду­ри и јав­но се нај­а­ву­ва­ат, па­ра­лел­ни ин­сти­ту­ции ка­ко ме­ѓу­че­кор кон ос­тва­ру­ва­ње­то на При­зрен­ска­та ли­га, ал­бан­ски­те пар­тии има­ат свои при­чи­ни да му по­мог­нат на За­ев да дој­де на власт за да се ос­ла­би ма­ке­дон­ска­та па­три­от­ска енер­ги­ја на ко­ја, ка­ко што и са­ми­от ка­жа, ли­де­рот на СДСМ не при­па­ѓа при­род­но.

 

Кој ќе приз­нае, двој­но ќе од­го­ва­ра

За ед­на ра­бо­та ни­кој не мо­же да му за­бе­ле­жи на стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник. Тој уште пред че­ти­ри го­ди­ни приз­на де­ка на СДСМ не му ли­чи да би­де па­три­от­ска пар­ти­ја. И ни­кој од не­го и од не­го­ва­та пар­ти­ја не оче­ку­ва За­ев се­га пре­ку ноќ да ста­не па­три­от, проб­ле­мот на­ста­ну­ва во де­фи­ни­ра­ње­то на ма­ке­дон­ски­от па­три­о­ти­зам. Тој еден ден ќе мо­ра да од­го­во­ри да­ли за не­го ве­штач­ко­то пре­кро­ју­ва­ње на оп­штин­ски­те гра­ни­ци на Ки­че­во и на Стру­га во 2005 го­ди­на бе­ше па­три­о­ти­зам и да­ли при­фа­ќа­ње­то на си­те ба­ра­ња на ал­бан­ска­та пла­тфор­ма ќе го сме­та за гра­ѓан­ски кон­цепт. Или, пак, ток­му тоа е при­чи­на­та зо­што не са­ка да оди на из­бо­ри. Ме­сто да го че­ка да се из­јас­ни што е па­три­о­ти­зам, на­ро­дот со гла­са­ње ќе му ка­же де­ка ни­ту не­го­ва­та жел­ба да го ап­си Гру­ев­ски не е до­вол­на за да из­вр­ши на­ци­о­нал­но пре­дав­ство.

(Текст објавен во 233. број на неделникот Република, 17.02.2017)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top