| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара Тодевска ќе ја изведе националната химна пред финалето на Купот на Македонија

kup na makedonija

Поп-пејачката, Тамара Тодевска, ќе ја има привилегијата да го најави финалниот натпревар од Купот на Република Македонија во машката конкуренција.

Популарната пејачка ќе ја изведе националната химна на Република Македонија, во пресрет на вториот финален натпревар кој е на распоредот в недела (19. февруари) со почеток во 19.00 часот.

За Тамара Тодевска ова ќе биде второ изведување на химна пред официјален натпревар по интонирањето на химната на Република Македонија пред фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Белгија пред четири години.

Натпреварите од завршниот турнир на Купот на Македонија ќе можете да ги проследите во живо на веб-сајтот на Македонската кошаркарска федерација.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

Четвртфинале – 17.02.2017 (петок)
13:00ч. Карпош соколи – Вардар
15:30ч. Фени индустри – АВ Охрид
18:00ч. Работнички – Куманово
20.30ч. МЗТ Скопје – Кожув

Полуфинале – 18.02.2017 (сабота)

13:00ч. Бадел 1862 – МНА Кожувчанка (женска конкуренција)
15:30ч. Вардар – Пелистер (женска конкуренција)
18:00ч. Победник Работнички/Куманово – Победник Карпош соколи/Вардар
20.30ч. Победник Фени индустри/АВ Охрид – Победник МЗТ Скопје/Кожув

Финале – 19.02.2017 (недела)

16.00ч. Финален натпревар женска конкуренција
19.00ч. Финален натпревар машка конкуренција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top