| четврток, 6 декември 2018 |

Задолжително одете в црква или на гробишта и запалете свеќа – утре е големата зимска задушница

 zadu

Верниците утре ја слават големата зимска задушница.

Тој ден се одбележува сеќавањето на сите починати. Се оди на гробишта или в црква и задолжително се пали свеќа.Се верува дека ако на Задушница не им се запали свеќа на мртвите, тие цела година ќе бидат во мрак. Доколку верниците не се во можност да запалат свеќа на гробиштата на блиските, може да го направат тоа и во црква.

На задушница се оди в црква каде што се служи света литургија и парастос на кој свешетеникот со вино прелева жито, а по службата се оди до гробовите на покојните. На гробовите се палат свеќи, а свештеникот извршува краток обред и ги кади гробовите.

На гробишта и во црква се носи пченица, која потсетува на христовите зборови дека зрното дури кога ќе умре носи род, и тоа не во мрак, туку во светлината на сонцето.

Црното вино, со кое свештеникот го прелева житото, го означува Божјото милосрдие со кое заздравуваат раните од гревот.

Свеќата е симбол на светлината Христова, која треба да не потсети на светлина со која Христос ги осветлува душите на починатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top