НУ Турски Театар ќе ја изведе претставата „Отело“ од Вилијам ШЕКСПИР во режија на Дејан ПРОЈКОВСКИ со почеток во 20.00 часот. Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со титл на македонски јазик.
-Оваа режисерска експликација сакам да ја посветам на актерите и сите колеги позади сцената со кои ги создаваме нашите заеднички соништа. За актерите со кои се разбираме со поглед, со дишење , со отчукувањата на срцата….за актерите кои живеат за мигот , за она неразбирливото , за она што не се кажува со зборови , за оној свет во која што ако не веруваш неможе да постои. За Селпин, Џенап, Сузан, Осман, Зубејде, Неат…за актерите со кои ги градиме и создаваме соништата. Секое креирање на нова претстава со нив, само ми потврдува дека сеуште има актери кои посветено работат и живеат во име на театарот…во име на МИГОТ кој го создаваме…МИГОТ наречен театар. Токму затоа оваа режисерска експликација е за моите актери преку кои јас и вие драга публико ја слушаме ТИШИНАТА НА СЦЕНАТА, вели Дејан Пројковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.