Со одлука на Управниот одбор на компанијата, донесена на 12.12.2016 година а спроведена во Централниот регистар на РМ на 15.02.2017 година, компанијата „Орка холдинг“ АД Скопје го продаде својот удел во „Графички центар” ДОО Скопје, сопственик на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), по номинална цена. Сите обврски кои компанијата ги имаше кон вработените заклучно со 31.12.2016 година се подмирени. Во наредните денови ќе се подмират и обврските кон платите за месец јануари 2017 г.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.