Светлана Ражњатовиќ–Цеца најавува спектакуларен концерт во Скопје, закажан за 25 март во СЦ „Борис Трајковски”.
– Со песните од новиот албум, „Аутограм”, Цеца ќе приреди концерт за паметење, а речиси 3 часа ќе одекнуваат нејзините најголеми хитови. Ни претстои вечер исполнета со многу музика и забава – ветуваат организаторите.
Билетите, кои се во ограничен број, може да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ”, „Пола Југотон” и „Цвеќара Розе” – Веро 2.
За публиката од сите градови низ Македонија има организиран превоз.
За најголемите фанови во продажба се пуштени и фан-пит карти, а за ВИП одделот може да се направи резервација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.