| четврток, 6 декември 2018 |

Врзал маж за ѕид и го удирал со синџир – Бој Џорџ проговори за мрачниот период на својата кариера

boj

Пејачот Бој Џорџ (55) во една емисија проговори за најмрачниот период на својата кариера, кога кај него дома држел во заробеништво маж.

Пејачот на групата „Калчр клаб“ во 2007 година врзал за ѕид маж, Аудун Карлсен, Норвежанец, кој работел како машка проститутка, и го удирал со синџир. Неговиот затвореник успеал да се ослободи и да побегне на улица барајќи помош. Џорџ за ова дело добил казна затвор 15 месеци. Додека бил зад решетки, тој го користел неговото вистинско име Џорџ О’Дауд.

Гостувајќи на емисијата, тој низ солзи кажал дека се кае поради сето тоа, но и дека не му се извинил на Карлсен бидејќи смета дека тоа нема ништо да промени.

-Јас самиот себе пратив в затвор, Ѝ кажав на полицијата зошто го направив тоа. Имав психотична епизода. Бев зависник на дрога, така што не можам сега да објаснам што ме наведе на тоа. Но, ја кажав вистината – рекол Џорџ.

-Мислам дена ништо не би се променило кога би му се извинил. Отсекогаш сметав дека е подостоинствено да не зборувам за тоа. Дрогата е виновна за се. Ништо од тоа немаше да се случи да не бев на дроги – додал пејачот.

Бој Џорџ призна дека кога бил на хероин трошел 400 фунти дневно, а во затвор успеал да се одвикне од наркотици. Наводно, во текот на неговиот престој зад решетки било ангажирано дополнително обезбедување за подобра заштита на пејачот бидејќи страхувал дека другите затвореници ќе го нападнат затоа што е хомосексуалец.

Тој проговори и за карницата со Џорџ Мајкл, кого наводно го критикувал бидејќи не се декларирал јавно како хомосексуалец додека бил на врвот на славата во осумдесетите година. Мајкл му возвратил со навреди и така двајцата не разговарале 25 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поврзани вести

Top