Најбогатиот Македонец Мајкл Илич, кој пред неколку дена почина на 87 годишна возраст, со години тајно ја плаќал киријата на поборничката за граќански права во САД, Роза Паркс.
Илич, инаку дете на македонски иселеници, својата имерија ја започнал со пицерија во Детроит, која прераснала во третиот најголем ланец на пицерии ширум земјата.
Mike Ilitch paid for Rosa Parks’ housing for more than a decade. https://t.co/l0S2PxSHro
— WXYZ Detroit (@wxyzdetroit) February 11, 2017
Илич бил и голем филантроп, иако не сакал со тоа да се фали и истакнува. Дури по неговата смрт, федералниот судија Дејмон Кит открива дека Илич над 10 години тајно ѝ ја плаќал киријата на Роза Паркс во Детроит, град во кој се преселила по прочуениот случај со непомирливоста околу расната сегрегација во Алабама.
Во 1994 година, на 84 години Роза Парксбила нападната и ограбена во нејзиниот дом. Илич ја дознал приказната од медиумите и му се јавил на судијата, кој си дал задача да ја згрижи. Илич тивко и без помпа ѝ ја плаќал киријата на Паркс до нејзината смрт во 2005 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.