| четврток, 6 декември 2018 |

Самит на Г-20 во Германија

Министрите за надворешни работи од Групата на 20 најразвиени економии (Г-20) денеска ги почнуваат дводневните разговори во некогашната германска престолнина Бон, каде што фокусот ќе биде ставен на глобалниот економски развој, јави БТА.

Домаќинот Германија сака да се зачуваат 17 предвидени цели за забрзан развој, кои меѓународната заедница предвидува да се постигнат до 2030 година. Соочувањето со евентуални идни кризи и поддршката за Африка, исто така, се на дневен ред.

Средбата ќе биде прва можност новоназначениот американски државен секретар Рекс Тилерсон да се сретне со клучните луѓе од светската дипломатија, меѓу кои и министрите за надворешни работи на Русија, Велика Британија и Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top