| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате

Во новиот број на неделникот Република ќе читате:

 

Со лажгото, само написмено
Заев со две раце потпиша капитулација на Македонија
Два ме­се­ца За­ев и вр­ху­шка­та ка­ко зми­ја но­зе­те го кри­е­ја ста­вот за ал­бан­ска­та пла­тфор­ма. Очиг­лед­но, кри­ен­ка­та не би­ла за­луд­на. Си­те на­се­ту­ваа де­ка има и зо­што, но тоа што по­ле­ка из­ле­гу­ва на ви­де­ли­на ги над­ми­ну­ва и оче­ку­ва­ња­та на ал­ба­но­фи­ли­те во СДСМ.  Ве­ро­јат­но, Му­хи, Ка­са­пи и Аде­ми пад­на­ле во „не­свест“ од сре­ќа. Па и тие не оче­ку­ва­ле ва­кво ал­ба­но­љу­бие од мур­тин­ски­от спа­си­тел, а и ни­кој од не­до­вет­ни­те не ја сфа­ќа­ше се­ри­оз­но прог­но­за­та де­ка ќе ја про­да­де и сопс­тве­на­та мај­ка за да дој­де на власт. И би прог­но­за­та. За жал на мно­гу­ми­на. Најм­но­гу на Ма­ке­дон­ци­те и на Ма­ке­до­ни­ја. Ос­но­ва­ни да ти би­ле прет­по­ста­вки­те на поз­на­ва­чи­те и на „ку­ри­ри­те“ де­ка За­ев, фа­тен во пу­чи­стич­ки­от тес­нец, ќе да­де сѐ за да из­ле­зе од кал­та што му стиг­ну­ва­ла до уши до­кол­ку не го ос­тва­ри ве­те­но­то на „ча­до­рот“. Та­ка и из­ле­зе. Ли­кот што ја овоз­мо­жи оваа глу­пост со пла­тфор­ма­та, се­га са­мо ја про­дол­жи. Не­го­ви се по­че­то­кот и кра­јот. Али, Би­лал и Зи­ја­дин беа са­мо про­дол­жу­ва­чи на не­го­во­то де­ло, а Зо­ран ги има си­те зас­лу­ги пред и по­тоа.

Интервју: професор Љубомир Цуцуловски
Македонија може да се сочува само со официјален македонски јазик
Ста­ну­ва збор за крај­на не са­мо по­ли­тич­ка, на­ци­о­нал­на, ту­ку и чо­веч­ка не­од­го­вор­ност, ко­ја се гра­ни­чи со ап­сурд. Да се ну­ди не­што (дво­ја­зич­ност) ко­га ни­кој, ба­рем офи­ци­јал­но, тоа не го по­ба­рал, е ве­ќе лу­дост. Да се го­во­ре­ло на ја­зи­кот на гра­ѓа­ни­те во не­ко­ја оп­шти­на, град или се­ло во кое не­ма ни­ту еден гра­ѓа­нин што го­во­ри на тој ја­зик е да­ле­ку од се­кој ум и ли­чи на вам­пи­ри­зам. На­стра­на, тоа е нас­про­ти Уста­вот. За ан­ти­у­став­но по­ви­ку­ва­ње мо­же и да се од­го­ва­ра. Но, ај­де, не­ка го при­фа­ти­ме тоа ка­ко не­вин вер­ба­лен де­ликт, израз на не­чи­ја не­прес­мет­ли­вост. Но, и во тој слу­чај, глу­по­ста оста­ну­ва. Па­тем, не смее да се за­бо­ра­ви де­ка ја­зи­кот не е са­мо знак за не­чиј на­ци­о­на­лен иден­ти­тет, ту­ку тој е и средс­тво за оп­ште­ње, за ме­ѓу­себ­на ко­му­ни­ка­ци­ја. Нуж­но е да  по­стои не­што ка­ко лин­гва фран­ка. Ина­ку сѐ ќе за­вр­ши во ха­ос. Да не го за­бо­ра­ви­ме ми­тот за Ва­ви­лон­ска­та ку­ла. Бог ги каз­ни лу­ѓе­то та­ка што од еден ја­зик соз­да­де по­ве­ќе ја­зи­ци за да вне­се раз­дор ме­ѓу нив. А ми­то­ви­те, кол­ку и да се сказ­ни, се­пак ка­жу­ва­ат не­што. Ед­но­став­но, по­тре­бен е еден офи­ци­ја­лен ја­зик за да се со­чу­ва не са­мо ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, ту­ку и це­ли­на­та – Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, вели професорот Љубомир Цуцуловски во интервју за неделникот Република.

Во тајното писмо е предавството
Заев си игра со судбината на Македонците
Тај­ни­от па­кет на За­ев, во кој е со­др­жа­на по­ну­да­та за фор­ми­ра­ње вла­да, ис­пра­тен до ДУИ по кој знае кој пат, јас­но по­ка­жу­ва де­ка овој чо­век не знае ни­што дру­го освен да ла­же и да се коц­ка на ту­ѓа сме­тка. Не­кој ќе ре­че – ама сѐ уште не се знае што со­др­жи па­ке­тот! Да, точ­но, но и по­крај тоа што сѐ уште не зна­е­ме што со­др­жат тие 72 стра­ни­ци (ако е точ­на ин­фор­ма­ци­ја­та об­ја­ве­на во ме­ди­у­ми­те), врз ос­но­ва на тоа што до­се­га (не) бе­ше јав­но со­оп­ште­но, мо­же­ме да зак­лу­чи­ме де­ка За­ев си да­ва за пра­во САМ во име на це­ли­от ма­ке­дон­ски на­род да до­не­су­ва од­лу­ка за при­фа­ќа­ње пла­тфор­ма ко­ја го до­ве­ду­ва во опас­ност оп­ста­но­кот на др­жа­ва­та и на ма­ке­дон­ски­от на­род! Не­за­вис­но од тоа да­ли За­ев це­лос­но или де­лум­но ја при­фа­тил пла­тфор­ма­та на Ал­бан­ци­те, без раз­ли­ка да­ли со ед­на или со две ра­це пот­пи­шал офи­ци­ја­ли­зи­ра­ње на ал­бан­ски­от ја­зик, врз ос­но­ва на из­ја­ви­те на не­го­ви­те со­пар­тиј­ци и ко­а­ли­ци­ски парт­не­ри, мо­же да се зак­лу­чи де­ка овој чо­век без ни­чи­ја кон­сул­та­ци­ја до­нел од­лу­ка ко­ја мо­же да на­не­се не­сог­лед­ли­ви пос­ле­ди­ци по це­ла­та др­жа­ва. Да­ли во тоа бил при­ну­ден од ча­до­ри­те или не, во­оп­што не е важ­но. Тој е лич­но­ста ко­ја еден ден ќе мо­ра да од­го­ва­ра за пре­дав­ство.

За власт по секоја цена
СДСМ ѝ ја нуди Македонија на ДУИ за да ја уништи ВМРО-ДПМНЕ
Ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев, пред де­се­ти­на де­на, по из­ле­гу­ва­ње­то од сред­ба­та со пре­тсе­да­те­лот Ѓор­ге Ива­нов, на јав­но­ста ѝ по­ра­ча де­ка тој и не­го­ва­та пар­ти­ја ќе има­ат ко­рист од но­ви из­бо­ри, но де­ка одр­жу­ва­ње­то нов пле­бис­цит ќе би­де на ште­та на Ма­ке­до­ни­ја. Тоа го по­ка­жу­ва и ан­ке­та­та об­ја­ве­на на те­ле­ви­зи­ја­та „Тел­ма“ спо­ред ко­ја, ако се­га се одр­жат из­бо­ри за­ед­но со гла­со­ви­те на Ал­бан­ци­те, СДСМ мо­же да до­бие убед­лив ман­дат за со­ста­ву­ва­ње но­ва вла­да, по што ВМРО-ДПМНЕ не­ма да до­бие мож­ност да про­дол­жи да вла­дее. До ту­ка сѐ е јас­но. Она што збу­ну­ва и што не­ма ни­ка­ква здра­ва ло­ги­ка е зо­што За­ев би ри­зи­ку­вал со не­ста­бил­на вла­да со ДУИ, уце­ни од ал­бан­ски­те парт­не­ри, кои мо­жат да го уни­штат СДСМ, и по­сто­ја­ни про­те­сти на ВМРО–ДПМНЕ, кои ќе ја бло­ки­ра­ат др­жа­ва­та ка­ко што тоа се слу­чу­ва­ше во прет­ход­ни­те не­кол­ку го­ди­ни ко­га Ма­ке­до­ни­ја ста­на не­фун­ци­о­нал­на зем­ја. По дол­га­та ни­за ла­ги и ма­ни­пу­ла­ции на ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та, мал­ку­ми­на се­га мо­жат да по­ве­ру­ва­ат де­ка За­ев не са­ка да по­бе­ди на но­ви из­бо­ри и да до­бие сил­на власт ка­ко што пред­ви­ду­ва ан­ке­та­та на „Тел­ма“. Кој мо­же да по­ве­ру­ва де­ка За­ев ја жр­тву­ва пар­ти­ја­та за да до­бие Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но што е јас­но де­ка кој и да на­пра­ви вла­да др­жа­ва­та уште дол­го ќе кр­ва­ви од кри­за­та ко­ја со по­ма­ли или по­дол­ги па­у­зи трае од 2010 го­ди­на.

Колумна, Ацо Станковски
Вој­на
Уште кол­ку де­но­ви, ча­со­ви и ми­ну­ти ќе би­дат по­треб­ни за ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни и нив­ни­те здру­же­ни­ја, пар­тии и ин­сти­ту­ции да се осве­стат и, ко­неч­но, да сфа­тат де­ка та­ка­на­ре­че­на­та пла­тфор­ма на три­те ал­бан­ски пар­тии, всуш­ност, е – об­ја­ва на вој­на кон Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.
Тоа, се­ка­ко, не е ди­рект­на, бру­тал­на об­ја­ва на вој­на, ка­ко што е пра­ве­но во ми­на­ти­те ве­ко­ви, ту­ку оваа пла­тфор­ма на ДУИ, Бе­са и на Али­јан­са­та на Ал­бан­ци­те е ед­на еу­фе­ми­стич­ка уце­на, при ко­ја на по­мал­ку или на по­ве­ќе суп­ти­лен на­чин се ну­ди не­што што во­оп­што не е при­фат­ли­во ни­ту за гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ни­ту, пак, за си­те ет­ни­ку­ми во др­жа­ва­та, вклу­чу­вај­ќи го ту­ка и ал­бан­ски­от ет­нич­ки кор­пус. Зо­што ду­ри по из­бо­ри­те овие три пар­тии на Ал­бан­ци­те, со по­мош на стран­ски­от фа­ктор, го ком­по­ни­раа овој по­ли­тич­ки ул­ти­ма­тум? Зо­што не го кон­сти­ту­и­раа пред из­бо­ри­те за нив­ни­те гла­са­чи да ви­дат со што се за­фа­ти­ле и ка­де би мо­же­ле да би­дат од­ве­де­ни сле­деј­ќи ги, ва­ка из­ма­ни­пу­ли­ра­ни и на сле­по?

Двоглед
На­уч­ни­ци­те про­нај­доа член на СДСМ што пра­шал што има во до­ку­мен­тот од За­ев за Ах­ме­ти
Тим на­уч­ни­ци од Бир­мин­гем, Анг­ли­ја, ус­пе­ал да про­нај­де член на СДСМ што пра­шал што има во тек­стот што Зо­ран За­ев го ис­пра­ти до Али Ах­ме­ти ка­ко по­ну­да што од­го­ва­ра на ба­ра­ња­та на ДУИ од пла­тфор­ма­та на Ал­бан­ци­те.
По дол­го истра­жу­ва­ње и без­на­деж­ност де­ка ќе се про­нај­де ка­ков би­ло та­ков чо­век не са­мо во Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку во це­ли­от свет, на­уч­ни­ци­те од Анг­ли­ја ус­пе­а­ле да про­нај­дат ба­рем еден чо­век што се ос­ме­лил и дрз­нал јав­но да пра­ша што, всуш­ност, За­ев му по­ну­ди на Ах­ме­ти за да ги до­бие пот­пи­си­те за да би­де ман­да­тар и да со­ста­ву­ва вла­да во Ма­ке­до­ни­ја.
– Не бе­ше лес­но… ух, ре­чи­си ја за­гу­бив­ме се­ко­ја на­деж – ве­ли Лин­да Џон­сон од истра­жу­вач­ки­от тим од Анг­ли­ја.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top