Во организација на Британскиот совет и Младинскиот културен центар, од денеска до 19 февруари ќе се одржува Фестивалот на нов британски филм „Плеј Ју-Кеј“ на кој премиерно ќе бидат прикажани десет играни и документарни филмови од современата британска продукција.
Фестивалот ќе биде отворен со продолжението на култниот филм „Т2 Трејнспотинг“ (Trainspotting) во кино „Милениум“, а во наредните денови проекциите ќе бидат во киното „Фросина“.
На програмата на „Плеј Ју-Кеј“ се и: „Градот Лондон“ – документарец за животот на работничката класа во предградијата на Лондон во 1979 година; драмата „Уна“ – емотивна приказна за млада жена што почнува романтично патување во потрага по своето минато; играниот документарен филм „Признание“ – за ширењето на џихадот во современиот свет и реакцијата на Западот.
Фестивалот го донесува и филмот „Слободна стрелба“ – за банди во Бостон во 70-тите години; драматичната комедија „Патувањето“ – инспирирана од точката на пресврт во британската и ирската историја; ремек-делото „Белешки за слепилото“ – филм што го истражува внатрешниот свет на слепилото и прикажува „свет над видот“ вклучувајќи ги и соништата, сеќавањето и имагинарниот живот.
На Фестивалот ќе бидат прикажани и комедијата „Вештините во животот на возрасните“ – приказна за самодовербата и гордоста; „Човекот од Mo’Wax“ – документарен филм за животот и кариерата на музичкиот продуцент Џејмс Лавел, и „Најдоброто од нив“ – филм што раскажува за патот на млада жена во хаосот на војната во Лондон во 1940 година.
Покрај во Скопје, фестивалот ќе се одржува уште во пет градови во регионот – Белград, Подгорица, Призрен, Сараево и Тирана.
– Филмовите што ќе се прикажат за време на четирите дена во шест градови од регионот во рамките на фестивалот „Плеј Ју-Кеј“ ја слават човековата издржливост и способноста за изнаоѓање вистински одговори и решенија во тешки времиња, соопштија организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст