Во Париз продолжил протестот поради полициската бруталност, кога пред неколку дена полицајци силувале едно момче со палка. На улиците во главниот град на Франција се собрале неколку илјади демонстранти, а полицијата употребила солзавец за да ги растера.
Можеле да се слушнат и истрели, за кои се претпоставува дека потекнуваат од пушките за солзавец. И покрај тоа, демонстрантите не се тргнале од улиците. Иако информациите се многу мали, на снимките кои се појавија на социјалните мрежи може да се види дека демонстрантите палеле по градот.
Инаку, момчето идентификувано само како Тео, сексуално било злоставувано со полициска палка, а полицијата подоцна соопштила дека станувало збор за лична проверка во предградието Олне-Су-Боа на втори февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени