| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО со дрoнови ќе го следи мигрантскиот прилив преку Медитеранот

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО на денешната средба во Брисел донесоа одлука за формирање на команден центар во Неапол, кој со помош на дронови кои ќе полетуваат од Сицилија, ќе го следи приливот на илегални мигранти преку Средозменото Море.

Како што најави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг овој командан центар ќе почне со работа „за брзо време“ и во него ќе бидат вклучени околу 100 офицери на земјите членки на Алијансата.

Столтенберг нагласи дека центарот ќе ги прибира податоците до кои ќе доаѓаат беспилотните летала во текот на нивните набљудувачки мисии над Медитеранот.

– Новата структура во Италија ќе ни овозможи да носиме подобри одлуки. Со тоа ќе се подобри нашата подготвеност, пред се на силите за брза реакција, за дејствување во тој регион, истакна Столтенберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top