Словенецот што беше брутално измачуван и понижуван од страна на двајца напаѓачи во околината на Кршко, а целиот настан беше сниман и пренесуван и на Фејсбук, почина во вторник на Клиничкиот центар на Љубљана.
Словенија е згрозена од злосторството што во неделата кон понеделникот се случило во село близу Кршко, при што двајца злоставувале 26-годишен маж, тоа го снимиле и го поставиле на „Фејсбук“, каде било прегледано од 250.000 корисници на мрежата.
„Фејсбук“, по интервенција на полицијата го отстранила 23-минутното видео од тортурата. На видеото се гледало како момчето е злоставувано, како се пцуе, а двајцата мажи му се закануваат. Анонимен човек пријавил во полиција, а од таму со помош на снимката го лоцирале местото на злосторството, ливада во близина на селото Подбочје кај Кршко.
Жртвата е најдена во 4 часот утрото, во несвест, крвав, смрзнат и со тешки повреди на главата и телото. Итно е префрлен во болница во ново Место, па во Љубљана, каде лекарите не успеале да го спасат.
Двајцата напаѓачи на возраст од 20 и 29 години се од околината, притворени се и се претпоставува дека се познавале со жртвата, поради што полицијата се сомнева на лично нетрпение, кое го поттикнало насилството.
Некои психолози предупредуваат дека ваквите настани имаат силно влијание затоа што се пренесуваат преку социјалните мрежи. Конкретната снимка била отстранета по неколку часа, а до тогаш ја прегледале повеќе од 250.000 луѓе, меѓу кои и многу млади, додека некои дури и кликнале `like`.
извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.