Преку програмата на Европската унија за поддршка на истражувања и иновации „Хоризонт 2020“, во која Македонија четврта година е полноправна и асоцијативна земја членка, досега се одобрени 32 проекта и две апликации за мобилност на истражувачи од нашата држава, за кои се распределени речиси два милиони евра.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на прес-конференција рече дека е исклучително задоволен од досегашната искористеност на можностите што ги нуди програмата „Хоризонт 2020“.
– Република Македонија е една од земјите во регионот која заедно со Турција, Хрватска и Словенија постигнува висок процент на искористеност на средствата кои се достапни преку оваа програма. Тоа е, од една страна, резултат на заложбите на Владата и на Министерството за образование и наука кои ги обезбедуваат средствата за котизација за достапност на програмата и во изминатиот период за неа реализираа бројни промотивни активности и информативни кампањи. Од друга страна, резултат е на покажаниот интерес и подготвеност на потенцијалните корисници за вклучување, преку подготвување квалитетни проекти и успешно поднесување апликации, рече Ристовски.
Како подносители на одобрените проекти најчесто се јавуваат државните универзитети. Голем дел од одобрените апликации се поднесени од граѓански организации, а дел и од Македонската академија на науките и уметностите, од бизнис-заедницата и јавните претпријатија и локални самоуправи. Одобрените средства се во различен износ и се движат од 3.000 евра до дури 135.000 евра по проект.
– Проектите најчесто се однесуваат на унапредување на животната средина, преку подигнување на енергетската ефикасност, намалување на сообраќајниот метеж и искористување отпад во создавање енергија, а има и проект за зајакнување на иновациските капацитети на малите и средните претпријатија, проект за историски истражувања и проект за креирање алатки за подобро учење, информираше Ристовски. Апелираше до сите заинтересирани и потенцијални корисници на програмата да ја следат интернет-сраницата на МОН на која редовно се објавуваат информации за јавните повици на Европската комисија за поднесување предлог-проекти.
Вкупниот буџет на „Хоризонт 2020“ е 70 милијарди евра со рок на реализација до 2020 година. Оваа програма на ЕУ финансиски поддржува проекти за истражување и иновации, за креирање нови работни места, за мобилност на истражувачи и за стекнување нови знаења преку стипендирање на процесот на едукација.
Средствата се распределуваат преку објавување јавни повици од Европската унија, на кои може да се аплицира со проекти изготвени исклучиво од конзорциум, односно партнерство на субјекти од најмалку три земји членки на Унијата или асоцијативни земји на оваа програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст