Дерби натпреварот од четвртфиналната програма во Купот на Македонија ќе биде пресметката меѓу Работнички и Куманово, две екипи кои и лани се сретнаа во четвртфиналето на турнирот во Гевгелија. Помошниот тренер на Работнички, Перо Блажевски, изрази загриженост околу здравствениот билтен на екипата од „Градски парк“.
– Ние како Работнички оваа година влегуваме порастоварено во Купот на Македонија, но тоа не значи дека ќе се предадеме од старт. Имаме големи проблеми околу ростерот со повредите на неколку клучни играчи, но ќе дадеме се од себе на ова натпреварување. Во Купот секогаш имало изненадувања на резултатски план и верувам дека со добра мотивација и добра игра можеме да оствариме позитивен резултат. Не можеме да предвидиме каков ќе биде крајниот исход, но ние ќе одиме чекор по чекор – изјави Перо Блажевски.
Стратегот на Куманово, Марјан Србиновски, истакна дека е „сино-белите“ имаат проблеми со ростерот во пресрет на завршниот турнир во Кавадарци.
– Пред нас е еден тежок и неизвесен нтпревар со Работнички. Не треба да трошиме многу зборови за Работнички, имаат искусни и квалитетни играчи, но и тренери. Тие имаат извонредна стартна петорка, но и ние имаме свои квалитети со кои ќе се обидеме да стигнеме до победата. Од осумте играчи кои го понесоа најголемиот товар во досегашниот дел од првенството, дури тројца се надвор од тренажен процес. Како и да е, во кој состав и да се појавиме во Кавадари очекувам да дадеме максимум и да сториме се за да стигнеме до победата – истакна Марјан Србиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.