Сите парови сонуваат за идеална врска без проблеми и совршено среќно семејство.
Но, понекогаш се случуваат некои комплицирани работи кои не се совпаѓаат со нашите очекувања. А тие, многу често водат до падови и неуспех, дури и во врските со најсилни чувства.
Прочитајте ги следните вистини за врските, кои ќе ви помогнат да гледате пореално на нив и полесно да ги прифатите:
1. Вашиот партнер нема да ви се допаѓа цело време.
2. И нема вечно да ви биде привлечен.
3. Ќе се изненадите од тоа што некогаш ќе сретнете некој подобар од вашиот партнер.
4. Понекогаш ќе бидете многу осамени.
5. Вашето срце ќе се отвара и затвора.
6. Чувствата на привлечност и непривлечност ќе се ротираат.
7. Вашиот сексуален живот понекогаш ќе биде комплициран – подгответе се за тоа.
8. Вистинската љубов ја вклучува способноста да се комбинира неспојливото.
9. Вистинската љубов е неразделна од стравот.
10. Колку е поголема љубовта, толку е поголем стравот.
11. Од конфликтите не може да избегате.
12. Ќе си „истурате“ нервоза еден на друг и ќе си кажувате зборови кои не ги мислите.
13. Некогаш нема да ја оправдате довербата на партнерот.
14. Минатото ќе се одразува на вашата врска.
15. Ќе ја видите темната страна на бракот, што не сте ја знаеле дотогаш.
16. Кога ќе имате деца, ќе мора да се жртвувате и да издржите сè.
17. Мора да пораснете и да созреете. Вашите одлуки нема да влијаат само на вас, туку и на вашата врска.
18. Некогаш ќе мора да ја проголтате гордоста и да се извините.
19. Ќе ви недостасува уште едно свадбено патување (ако веќе сте имале едно).
20. Ќе остарете заедно. Брчките и лузните ќе бидат извор на радост и доказ дека сте издржале долг заеднички живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст