Постариот полубрат на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун е убиен на аеродромот во Куала Лумпур.
Малезијците не открија премногу детали околу убиството на еден од најпрометните аеродроми на светот, но речиси сите јужнокорејски медиуми пренесуваат дека Ким Јонг Нам бил убиен од две жени. Тој не починал на аеродромот, туку на пат кон болницата.
-Чекал лет за Макао кога наеднаш му се слошило. Итната помош пристигнала за кратко време, но за него немало спас, починал во амбулантното возило, изјави шефот на малезиската полиција, Абдул Азиз Али.
Корејската телевизија „Чосун“ ексклузивно, набрзо потоа пренесе дека полубратот на Ким Јонг Ун бил убиен од две жени – тајни агенти на Северна Кореја. Наводно му инјектирале некаква отровна супстанца и побегнале со такси во непознат правец.
Сепак, тие информации се контрадикторни кога ќе се споредат со информациите кои што пристигнуваат директно од Малезија. Шефот на дистриктот Селангор, Абу Самат Мат, изјавил дека еден човек со севернокорејски пасош се пожалил дека чувствува страшна болка, откако претходно бил испрскан со некаква течност. Подоцна починал на пат кон болницата.
Набрзо потоа се огласија и од Јужнокорејското министерство за надворешни работи од каде што порачаа дека не можат да потврдат ниту една од тие информации.
-Не знаеме дали станува збор за ткаенина или игла, рецепционерот рекол дека Ким му кажал дека некој го зграпчил за лицето и набрзо потоа му се слошило, изјавил висок функционер од малезиското министерство за внатрешни работи, Фаџил Ахмат за британската новинска агенција „Ројтерс“.
Зошто некој го уби полубратот на Ким?
Иако Ким Јонг Нам повеќе од десет години не беше присутен на политичката сцена во Северна Кореја и според многумина, не претставувал никаква закана за режимот на својот полубрат, сепак, тој често знаел јавно да го критикува режимот на Ким Јонг Ун и повикувал на спроведување на одредени реформи.
Ким Јонг Нам и Ким Јонг Ун се синови на диктаторот Ким Јонг Ил. Нам бил „предодреден“ за наследник на Ил, но работите се промениле во 2001-ва година кога се обидел да се прошверцува во Јапонија со лажен пасош од Доминиканската Република. На прашањето зошто го сторил тоа, тогаш Нам изјавил: „Сакав да го видам Дизниленд“.
Поради таквиот „семеен срам“, неговиот татко Ким Џонг Ил наредил во следните две години на сите ТВ и радио станици во Северна Кореја да се промовира само името на Ким Јонг Ун, а тоа значело само една работа, дека Нам може да заборави на „тронот“. Не се знае точно кога ја напуштил Северна Кореја, но познато е дека живеел на релација Макао – Сингапур – Малезија и секогаш тврдел дека „Дизниленд“ не била причината која што го исфрлила од трката за тронот.
Мојот татко крена раце од мене откако станав голем заговорник на реформи. Студирав во Швајцарија и научив некои работи, но мојот татко мислеше дека јас сум станал капиталист“, напишал Нам во еден мејл кој го испратил до јапонски дневник.
-Се вратив од Швајцарија и му сугерирав на мојот татко да се отвори кон странство, да го отвори пазарот. Внимавајте, мојот татко се чувствуваше многу осамено кога заминав да студирам, а моите полубраќа и полусестри ја искористија шансата за да му се приближат. Подоцна, кога “се претворив во капиталист”, мојот татко одлучи да го прекине школувањето на моите полубраќа.
Тоа било повеќе од доволно за Нам да сфати дека нема да го добие тронот и дека треба да ја напушти Северна Кореја. Многумина сметале дека тој треба да биде лидерот на Северна Кореја, но ретко кој му верувал кога тврдел дека некој сака да го убие. На крајот се покажа дека бил во право.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст