Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека доколку биде кандидат на изборите на претседател на Србија, а загуби, повеќе нема да биде премиер.
-Тоа се подразбира, рече Вучиќ за РТС одговарајќи на прашањето дали ќе биде премиер доколку загуби на претседателските избори.
-Доколку одам на избори и загубам, невозможно е да останам премиер, рече Вучиќ и додаде дека ќе работи нешто друго и ќе се бори за Србија на некој друг начин.
-Но единствено што ќе правам постојано е да го мерам бројот на фабриките, километрите на автопатиштата, да видам како ќе ја држат фискалната стабилност и мирот и политичката стабилност. И тоа ќе го правам секогаш и ниту малку не сум фасциниран од нивните тајкунски, ниту од странските пари, рече Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст