| четврток, 6 декември 2018 |

Утре го славиме Сретението Господово – личноста која прва ќе ја видите изутрина може да ви ја одреди судбината!

сретение

Православните христијани утре го слават големиот празник Сретение Господово. Со тоа се одбележува првата средба на Бог и човекот во храмот во Ерусалим.

Сретението Господово во народот се толкува како ден кога се сретнуваат зимата и летото. Некаде се вели и Свртение, бидејќи од овој ден се врти зимата кон летото.

Се верува дека на овој ден мечките излегуваат од пештерите и гледаат дали има сенка. Ако ја има, тогаш се враќаат во пештерата да спијат уште 6 недели, колку што ќе трае зимата. Ако нема сенка, тогаш одат да бараат храна.

Обичај е на овој празник задолжително да се запали свеќа, бидејќи се смета дека има скриена волшебна моќ и дека куќата ја штити од грмежи и други несреќи.

Девојките добро внимаваат кого прв ќе видат изутрина, бидејќи се верува дека идниот младоженец ќе личи на машката личност која ја сретнале тој ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top