Добро, добро, знаеме дека денес е и Свети Трифун, но веруваме дека секоја причина и повод да се слави љубовта е позитивен пример!
Денес е Денот на Вљубените, а доколку се разбудивте неподготвени да го прославите со вашиот партнер, еве неколку интересни и романтични идеи кои се едноставни за изведување, а не ви одземаат ниту многу време, ниту многу пари:
1. 50 причини зошто те сакам
Ако имате инспирација, можат да бидат и 100 причини. Се’ што ви треба е хартија, пенкало и тегла во која ќе ја соберете вашата љубов.
2. Пораки на огледало
Слично е на првата идеја, само што саканиот/ата ќе ги здогледа веднаш откако ќе се разбуди од спиење.
3. Балони со фотографии
Купете балони и на нив закачете ги вашите омилени заеднички фотографии кои и онака дремат во некоја фиока. Ќе се потсетите на убавите моменти поминати заедно, а на балоните со фломастер можете да испишете по некоја романтична порака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст