Градот Оровил во Северна Калифорнија е целосно празен. Околу 200 илјади луѓе беа евакуирани од регионот околу градот поради можноста да биде поплавен. Над градот е надвисната катастрофа што му се заканува на градот ако попушти браната на реката Федер.
Некои луѓе имале само неколку минути да ги соберат своите нешта и да го напуштат градот, а жителите целата ситуација ја опишале како „тотален хаос“. Во Оровил се затворени сите продавници, отворени се засолништа, полицијата поставила барикади. Додека бегале, жителите ги испразниле бензинските станици – повеќето пумпи се затворени со жолти ленти, што значи дека останале брз гориво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.