| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ во своj стил: Ако сакам да останам во Јунајтед ќе морам да постигнам 100 гола

ibra-1

Дали Златан Ибрахимовиќ ќе остане во Манчестер Јунајтед или не е прашање кое е најактивно во овој момент во фудбалска Англија. Искусниот шведски фудбалер ова лето пристигна во Јунајтед, потпишувајќи едногодишен договор со опција за продолжување на уште една, но сè уште нема одлучено дали и во идната сезона ќе остане на „Олд Трафорд“.

– Условите се исполнети, но засега ништо не е решено. Ќе видиме што ќе се случи, но за останам ќе морам да постигнам 100 гола – се пошегува Ибрахимовиќ.

Во досегашниот дел од сезоната, Ибрахимовиќ е најдобар стрелец на Јунајтед со 15 постигнати погодоци, а својот скор може да го подобри овој викенд кога „црвените ѓаволи“ на гостински терен ќе се соочат со Блекбурн Роверс во рамките од осминафиналето од ФА Купот на Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top