| четврток, 6 декември 2018 |

Фолклорните ансамбли од Битола ќе гостуваат во Германија, Романија и во Бугарија

Битолските културно-уметнички друштва и фолклорните ансамбли ќе ги реализираат годинашните настапи во странство со финансиска поддршка од Министерството за култура.

Во рамки на програмата за меѓународна фолклорна и сценско-уметничка дејност, Министерството за култура ги поддржа КУД „Илинден“, ФА „Битола“, АФ „Гоце Делчев“ и хоровите на КУД „Стив Наумов“.

КУД „Илинден“ доби поддршка за учество на 28. Меѓународен фолклорен фестивал „Гранпри на фолклорот“ во Рибнитс – Дамгартен, Германија, Фолклорниот ансамбл „Битола“ за учество на Интернационалниот фолклорен фестивал „Карпати“ во Питешти, Романија, а КУД „Стив Наумов“ добија финансиска поддршка за учество на младинскиот женски хор на Меѓународниот фестивал на хорови во Трговиште, Бугарија.

Финансиски средства се обезбедени и за ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“ за поставување на новата кореографија „Црноречие“ додека ФА „Битола“ ќе биде поддржан за учество на фолклорен камп и поставување стилизирани кореографии преку обработка на изворниот фолклор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top