Веќе неколку прототипови на вакцината за вирусот зика се тестирани на животни, но новата вакцина развиена во Соединетите Американски Држави на Универзитетот во Пенсилванија е првата која постигнала добри резултати без користење жив вирус.
Според медицинското списание „Нејчр“, само една доза од експерименталната вакцина на лабораториските глувци и мајмуни им овозможила соодветна заштита од инфекција од вирусот зика во период од пет месеци.
Новата вакцина користи минијатурни делови на РНК кои содржат генетски кодови нужни за производство на вирусни протеини.
Се очекува клиничките тестирања на новата вакцина да почнат во рок од една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.