| четврток, 6 декември 2018 |

Лука Базиле на 42 години реши да се пензионира

Еден од најдобрите италијански кошаркари во последните две децинии, Џанлука Базиле се одлучи да стави крај на својата богата кариера. 42-годишниот Базиле во последните три сезони настапуваше за тимот на Орландина, а еден период играше и со нашиот репрезентативец Владо Илиевски.

Својата кариера ја започна во тимот на Реџана, па премина во Фортитудо, а играше и за Барселона, Канту и Армани Милано. Својот најдобар период го помина во Барселона, каде за шест години освои една Евролига и двапати беше шампион на Шпанија.

Исто така со успех го носеше и дресот на Италија, со која во 1999 година освои златен медал на ЕП. Во 2003 година стигна на бронза на Евробакетот, а во следната 2004 година е носител на бронза од Олимписките игри во Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top