Од вкупно 28 членки на Европската унија, 22 земји имаат пропишана минимална плата.
Минималецот не е пропишан во Данска, Финска, Шведска, Австрија, Италија и во Кипар.
Во десет земји на истокот во ЕУ минималната плата е пониска од 500 евра месечно во бруто-износ: Бугарија – 235 евра, Романија – 275-евра, Летонија и Литванија – 380 евра, Чешка – 407 евра, Унгарија – 412 евра, Хрватска – 433, Словачка 435 евра, Полска 453 евра, и Естонија 470 евра.
Пет земји имаат минималец помеѓу 500 и 1 000 евра: Португалија-650 евра, Грција-684 евра, Малта -736 евра, Словенија 805 евра, и Шпанија -826 евра.
Во седум земји на северозападна Европа минималните плати се поголеми од 1000 евра месечно: Обединетото Кралство-1397 евра, Франција 1480 евра, Германија 1498 евра, Белгија 1532 евра, Холандија – 1552 евра, Ирска -1563 евра и Луксембург -1 999 евра.
Ако го споредиме движењето на минималните плати од 2008 година, видливо е дека тие растат во сите земји кои имаат пропишан минималец , освен во Грција, каде што паднале за 14 отсто.
Најголем раст на минималната плата од 2008 година имала Бугарија -109 отсто, следи Романија со пораст од 99 отсто. а значаен раст имале и Словачка 80 отсто, Естонија – 69 отсто, Летонија – 65 отсто, како и Литванија, во која минималната плата пораснала за 64 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст