| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарски полицијци им помагаат на криумчарите на мигранти

begalci bugarija

Бугарски полицајци им помагаат на криумчарите во префрлањето на илегални мигранти од Бугарија во Србија, тврди британската телевизија „Скај Њуз“, повикувајќи се на изјава на бегалец од прифатниот бегалски центар во српскиот град Димитровград.

Телевизијата наведува дека по затворањето на „западнобалканската бегалска рута“, се поголем број илегални мигранти се обидуваат преку Бугарија да стигнат од Турција до Западна Европа. Бугарија е членка на ЕУ, но не и на Шенген зоната, поради што мигрантите од оваа земја не можат слободно да заминат кон северниот и западниот дел на Европа, туку мора да користат илегални рути преку Србија, наведува „Скај Њуз“.

Во изјава за телевизијата, бегалецот Азад Али, сместен во профатниот центар во Димиторвград, тврди дека мигрантите ги користат услугите на криумчарите за да ја преминат бугарско-српската граница.

– Никој не може да ги мине планините без помош на криумчарите, кои работат со помош на бугарски полициајци. Видов полицаец како го отвора багажникот на автомобил во кој имаше мигранти и не презеде ништо, вели Али.

Тој тврди дека пред да стигне во прифатниот центар, заедно со неговото семесјтво минале три дена и три ноќи во планинските погранични региони, затоа што биле напуштени од кримучарите.

– Два дена немавме храна и вода, бидејќи криумчарот на остави во планините, додава Али во изјавата за британската телевизија.

Претставникот на српската гранична полиција Братислав Станоевиќ за „Скај Њуз“ вели дека често се случува криумчарите да ги донесат мигрантите до бугарска страна на границата и потоа ги пуштаат сами да се снаоѓаат.

– Тоа се случува во 99 отсто од случаите. Веднаш штом биде откриена една рута, крумчарите наоѓаат нови патишта за пренесување на мигрантите, додава Станоевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top