Многу е непријатна целата ситуација кога за време на секс ќе ви „излета“ името на порашениот, односно поранешната. Но, постои соодветно објаснување за тоа.
Џим Фаус, лекар, објаснува зошто ова некогаш може да се случи.
– Во состојба на еуфорија, луѓето се сеќаваат на работи кои ги потсетуваат на минатото, нешто што се случило одамна. Во основа, неизбежно е мозокот понекогаш за време на секс да одлута во претходните сексуални односи – вели тој.
Додава и дека тоа се случува заради близината на бившиот љубовник, за кој го врзува посебно возбудување и потреба за интимност.
Токму затоа, за време на секс понекогаш го кажувате името на бившиот партнер, а не на некој пријател или член од семејството.
Фаус вели дека тоа не треба да се зема здраво за готово и не е причина за крај, бидејќи се работи за минато кое сите го имаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.