Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Сеќавања и желби“ од британската писателка Лиса Апињанези, извонредно испреплетена сага одстраст и скршени срца, која ќе ве турка да погодувате што понатаму. Преводот на македонски е на Калина Јанева.
Љубовната приказна почнува во Париз во 1934 година, а завршува во Њујорк во 1980 година. Алексеј Џизмонди е во потрага по жената за која смета дека ги поседува клучевите од една тајна со која е опседнат. Во средиштето на тајната е секогаш загадочната Силви Ковалска Жарден, чие сомнителни гестови сериозно ќе им наштетат на нејзините лични и семејни односи, особено со ќерката Катрин, која на 13 години си заминува од дома за да побегне од насилното однесување на мајка си.
Книгата ги истражува длабочините на еротската психа и раскажува за една прекрасна жена, за нејзиниот живот од испреплетени вистини и лаги и за скандалозните постапки што ќе остават последици врз повеќе генерации на два континента.
Ликовите од високите и интелектуални сталежи, драматичниот и страстен набој, како и многубројните уметнички, книжевни и историски референции го прават ова дело совршено четиво за обожавателите на љубовни романи.
Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.
Лиса Апињанези (родена 1946) е британска писателка и борец за слобода на говорот. По потекло е од Полска. Израснала во Франција и во Канада. Докторирала компаративна книжевност во Обединетото Кралство. Авторка е на голем број романи и стручни книги и текстови. Претседавач е на Кралското книжевно друштво и поранешна претседателка на англискиот ПЕН. Во 1987 година го одбива францускиот орден „Витез од редот на уметностите и книжевноста“. Во 2013 година го добива Орденот на Британската Империја.
Калина Јанева (1981) дипломира англиски јазик и книжевност, со италијански јазик и книжевност како втор главен предмет, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. има објавено десетици преводи од англиски на македонски јазик и обратно, како и повеќе преводи на италијански книжевни дела на македонски јазик. Активен член е на Здружението на преведувачи на Република Македонија и македонски делегат во Европскиот совет на здруженија на книжевни преведувачи. Моментално е редовна студентка на постдипломските студии по англофони книжевности и книжевна теорија на Универзитетот „Алберт Лудвиг“ во Фрајбург, Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст