Нормализиран е сообраќајот на мостот „Близнак“ во населбата Аеродром, кој денеска беше затворен во двата правци поради пукната гасоводна цевка.
Владимир Ѓуровски од АД „ГАМА“ изјави дека е пукната гасоводна цевка при изведување градежни активности и оти осум потрошувачи се останати без напојување со гас.
Екипите на „ГАМА“ работат на терен и се очекува што поскоро да се санира дефектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.