| четврток, 6 декември 2018 |

Како да замина на одмор, Лавеци сѐ уште нема постигнато гол во Кина

laveci

Аргентинскиот репрезентативец Езекил Лавеци ги одбра кинеските милиони пред предизвикот да освои некоја титула на европско тло. Лавеци потпиша за тимот на Хебеи Кина Фортјун и за само една сезона заработи 26 милиони долари, но уште нема дадено ниту еден погодок.

Кинескиот тим веќе се кае бидејќи во своите редови го имаа играчот кој во еден момент беше најскапоплатен во светот, а не даде ниту еден погодок. За 775 минути поминати на теренот, Лавеци запиша само четири асистенции.

Кога дојде во Кина, напаѓачот доби и наместен стан, вила, два автомобили, возач и преведувач. Сега Кинезите размислуваат да му го раскинат договорот, што би значело нови 20 милиони долари на контото на аргентинскиот напаѓач, кој едноставно не се покажа во Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top