| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец ги нападнал сопругата и двете ќерки

Вчера вечер околу 22.00 часот во полициската станица ОН Кисела Вода, Т.Б.М. (39) од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг М.М. (42) од Зелениково извршил насилство над неа и нивните две ќерки.

Имено, кога М.М. дошол во дворот од нејзиниот дом со нивната тринаесетгодишна ќерка веднаш почнал да ѝ се заканува. Ги турнал децата и физички ја нападнал Т.Б.М., удирајќи ја по главата и по лицето и ја влечел за косата. Со клоци ја удирал и постарата ќерка А. М. (18).

Откако реагирал чичкото В.Б. (56) и му рекол да си оди, насилникот си заминал.

Помалата ќерка ја известила мајка си дека пред да ја донесе, околу 20.00 часот во неговиот дом  физички ја нападнал и ја повредил на надлактницата на десната рака.

Од физичкиот напад Т.Б.М. се здобила со видливи повреди во пределот на лицето на десната страна во вид на гребаница. А.М. се здобила со модринки на двете натколеници,  а помалата ќерка се здобила со видлива повреда на десната рака. На сите им била укажана лекарска помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top