Агентот на Садио Мане ги негираше гласините кои велат дека во летниот преоден рок одличниот крилен напаѓач го одбил Тотенхем поради помалата плата која му ја нудел тимот од Северен Лондон.
– Мане имаше пет понуди во летниот преоден рок и финансиски сите беа добри, вели агентот Бјорн Беземер.
– Ние сакавме да потпише за вистинскиот клуб, со вистинскиот тренер за негов развој и решивме дека најдобра опција за него е Јирген Клоп. Тоа е причината поради која Мане отиде во Ливерпул, завршил Беземер.
Мане во летниот преоден рок пристигна во Ливепул од Саутемптон за сума од 34 милиони фунти, а за сега се покажува како убедливо најдоброто засилување на германскиот тренер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст