| четврток, 6 декември 2018 |

Прв интернационален фестивал на сатирата, хуморот и на карикатурата „Итар Пејо“

 На 14 февруари, по повод празниците Свети Трифун и Валентајн, ќе почне Првиот интернационален фестивал на сатирата, хуморот и на карикатурата „Jaс Итар Пејо“. Организатор на фестивалот ќе биде Институтот за култура и уметност при Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе и Битола.

Фестивалот ќе се одржи на 14 февруари 2017 година, со почеток во 11 часот, на  Меѓународниот славјански универзитет  во Битола.

Предвидена е богата и содржајна програма. Беседа за Итар Пејо ќе одржи проф. д-р Васил Тоциновски. Потоа, ќе биде отворена изложбата со 50 карикатури по повод 50 години творештво на Јордан Поп Илиев, за чијшто опус ќе говори Блаже Докузовски, а во слава и чест на Владо Јоциќ и Софе Штерјоски омаж ќе подготви Миле Ѓорѓијоски.

Фестивалот ќе заврши со распишувањето  на Меѓународниот конкурс за афоризам, хумореска и карикатура за 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top