| четврток, 6 декември 2018 |

Проклетство, атентати или случајност? За две години умреа 23 од 25-те специјалци што го убија Бин Ладен!

Специјалците што учествуваа во операцијата за елиминација на терористот број 1 во светот, Осама бин Ладен, умираат со неверојатна брзина. Семејствата на припадниците на морнаричките фоки ја обвинуваат Белата куќа дека тие се жртви на атентат и дека се прикрива вистината.

Две години по смртта на Бин Ладен, од 25-те припадници на елитната единица кои учествуваа во акцијата, загинале дури 23 во различни несреќи. Живи се само уште двајца.

Само три месеца по акцијата животот го загубија 17 припадници на оваа елитна единица во хеликоптерска несреќа во Авганистан. Семејствата на жртвите тврдат дека за нивната смрт е одговорен Вашингтон затоа што Талибанците навреме добиле детални информации за летот кои им биле потребни за уривање на леталото.

Во неколку инциденти кои потоа следувале загинале уште шест други припадници на елитната „Тим сикс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top