Австралиските власти наредиле евакуација на населението од руралните предели во Нов Јужен Велс поради големите шумски пожари.
Големите пожари пратени со екстремно високи температури и силен ветер се шират низ земјата и ги доведуваат во опасност сообраќајниците и домовите на локалното население.
Топлотниот бран на источниот брег на Австралија во некои делови достигнал рекордни температури , создавајќи услови кои според мислењето на стручњаците се значително потешки и поопасни од претходните пожари во Викторија од 2009 година во кои живото го загубија 173 луѓе.
Засега нема информации за евентуалните жртви. Инаку во акцијата за гаснење на големите шумски пожари учествуваат повеќе од 2000 пожарникари , многу волонтери . Од 86 пожари во Нов Јужен Велес, 36 не се под контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Осигурителните компании ќе исплатат над 10 милијарди долари поради пожарите во Калифорнија
-
Се врати дома, а домот го нема: И куќата на Жерард Батлер изгоре во пожарите (фото)
-
Подгответе се: Од невообичаени високи температури и сонце одиме на 0 степени
-
Вистинско лето во октомври: Детална временска прогноза за цела недела