| четврток, 6 декември 2018 |

Панама: Уапсени сопствениците на адвокатската фирма Мосак­Фонсека

панама

Обвинителството на Панама соопшти дека се уапсени основачите на адвокатската фирма Мосак­Фонсека, која беше вмешана во минатогодишната афера Панамски документи, кога беа објавени илјадници страници документи за банкарски сметки на офшор компании.

Тие се уапсени вчера поради друг скандал поврзан со корупција со бразилската компанија „Одебрехт“. Обвинителството изврши претрес во компанијата и ги обвини Рамон Фонсека Мор и Јирген Мосак дека отворила офшор сметки со што и овозможиле на бразилслата градежна компанија да исплаќа мито на земји од Јужна Америка. Сопствениците на Мосак­Фонсека признаа дека исплатила мито во висина од 800 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top