Врз основа на чевлите, автомобилот и однесувањето кон други луѓе можеме да изнесеме некои заклучоци за мажот. Меѓутоа, ако, навистина, сакате да имате увид во мрачните делови од неговиот мозок, проверете кои се неговите омилени пози во сексот.
Еден ист чин може да се изведе на разни начини, но некои од начините може да ни дадат одговор на прашањето што зборува тоа за него. Наведуваме неколку пози и што зборуваат тие за мажот.
Мисионерска
Имал единица од ликовно и страда од недостиг од креатвниост. Сè што знае за сексот научил од тинејџерски филмови и мисли дека палењето свеќи ја „пали“ страста. Професија адвокат или сметководител. Има иста фризура до крајот на својот живот. Неговата омилена реченица во сексот е „тоа, тоа, така, ауууу, па ти си заспала“.
Кучешка поза
Тој би сакал ти да изгледаш како Ники Минаж. Доколку прочепкаш по историјата во неговиот телефон, таму ќе најдеш само еден збор (задница). Премногу гледа „Анимал планет“. Омилена фраза во сексот му е токму од стихот од песната на Ники Минаж „My anaconda don’t.“
69
Тој е тип што пишува порака додека вози и користи лаптоп додека седи на вц-шолјата. Тој просто сака истовремено да прави повеќе работи. Јаде сендвич и во исто време ќе те запроси.
Лотус
Тој е самоуверен и премногу го слуша Стинг. Најмногу се пали на кршење колк. Пушта долга хипстерска брада. Омилена фраза во сексот му е што и да е од будистичката филозофија.
Секс на под
Само што се вселил во нов стан и нема мебел. Купи нов тепих, кој сака да го упропасти. Главно, има алергиска реакција на кожата од тепихот. Омилена фраза во сексот му е „конечно, далечинското ми било под тепих“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.