| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СЈО не беше пречка за договор со ДУИ

СЈО беше спомнато во самиот почеток на преговорите и беше укажано дека сакаат да биде продолжен мандатот, а од наша страна рековме дека не сакаме и тоа беше аргументирано. За СЈО се зборуваше еден само еден ден од сите денови на преговори вели Никола Груевски во интервјуто на Тв Нова.

-Се затвори прашањето констатирајќи дека имаме различни гледишта. Јас мислам и сум убеден и дека ДУИ нема да признае дека и нивното мислење е изнудена но неа да навлезам во тоа. Тие претставија дека сакаат да се продолжи ние кажавме аргументи. Прво дека имаме договор пржински кој е потпишан од 4 партии во присуство на меѓународни претставници и требаше да биде излез од кризата. Тој договор ние го почитувавме со сите рокови обврски повлекување на премиер …смена на министри, закони,заменици министри и ред други работи. Вклучително и СЈО. За СЈО беше договорено до сите присутни дека 18 месеци се доволни за да се истражат сите работи дека ако се оцени да отворат обвинение и потоа да има рок за судски рочишта. Сите беа свесни за колкав материјал е тоа од креирани материјали. Се согласивме сите и ние тоа го почитувавме. На 30 јуни завршуваат 18 месеци иако стана јасно во меѓувреме дека СЈО е инструмент на надворешни центри и за остварување на други цели тоа го гледаат и помачлите деца кои не разбираат политика. СЈЈО покажа дека е крајно селективно на таргет е само една политичка партија, за дуи нема ништо за СДСМ нема ништо иако тие велеа дека за нив има најмногу материјали. Се е сконцентрирано на една партија. Но е толку очигледно дека се алатка на СДСМ и странски центри што тоа не може да се премолчи. Нивните прес конференции се исто ко на СДСМ, вели Груевски.

Тоа е тим кој е исклучително на своја политичка агенда а тоа е уривање на раководство и парија по секоја цена без елементарни докази.

-Тие се чувствуваат силни затоа што сметаат дека некој ги штити. И така зборуваат меѓу себе и знаат дека се дел од своја мисија, мисијата има име тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top