| четврток, 6 декември 2018 |

Задоволете го и задржете го партнерот

Кои се најважните правила за да го задоволите и да го задржите партнерот? Овие совети се наменети за, условно, понежниот пол. Во секоја врска е потребно да се вложува, и тоа од двајцата, инаку врската е осудена на пропаст. Ова се најважните правила за да го задоволите и да го задржите партнерот.

Почитување: Дами, секој маж има его и секој маж сака неговата партнерка да го почитува тоа. Затоа, најважно е да го почитувате вашиот партнер, а во никој случај не смеете да го омаловажувате. Мажите во суштина сакаат нивните жени да им се восхитуваат, па покажете му дека го почитувате и цените сето она кое тој го прави за вас. Почитувајќи го и восхитувајќи му се на вашиот партнер ќе направи тој да ве цени и во неговиот живот ќе ја имате клучната позиција.

Пријателство: За врската да биде успешна, најважно е партнерите да бидат пред се пријатели. Обидете се да му бидете најдобар другар на вашиот партнер, да го слушате без да го критикувате и да му давате совети онаму каде што е потребно. Само така тој ќе научи да се потпира на вас и да му биде пријатно во романтичната врска. Запомнете, она што е меѓу вас и вашиот партнер треба да остане таму, а не да го раскажувате наоколу.

Бирајте ги битките: Жените кои постојано ги критикуваат своите мажи секогаш губат на крајот. Прво, ниту еден маж не сака постојано да биде критикуван. Второ, со секојдневно лутење и критикување вашиот збор повеќе нема да има значење за него. Бирајте ги вашите битки и налутете се само кога тоа е навистина потребно. Така, тој ќе биде свесен дека згрешил и ќе се обиде да ја поправи грешката. Ако му се лутите зошто погледнал во некоја или зошто задоцнил пет минути, нема да постигнете никаков ефект кога ќе се карате за нешто што е важно за врската.

Одржувајте се: Факт е дека девојките во врска најчесто знаат да се „запуштат“. Не одат често на фризер, поретко се шминкаат, а многу често и се здебелуваат. Не значи дека вашиот партнер не ве сака доколку не сте слаба како што сте биле кога ве запознал. Но мажите се пред се „визуелни суштества“ односно сакаат убави жени. Затоа, наместо да му викате кога ќе погледне некоја, обидете се да се одржите убави и средени во секое време. Малку диета, соодветна гардероба и шминка, така тој ќе знае дека ја има покрај себе жената која ја избрал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top