Наскоро Алијансата за Албанците – коалиција составена од три партии ќе се трансформира во една политичка партија. Се очекува Движењето за реформи -ДПА, Унитети и НДП на Весел Мемеди да ги формализираат партиските одлуки за спојување и создавање еден политички субјект чиј лидер ќе биде Зијадин Села. Основата на програмата ќе биде Македонија како бинационална држава.
Медиумите на албански јазик пренесуваат дека во новата партија, поранешниот генерал на ОНА Гзим Острени, сега претседател на Унитети да нема функција. Висока позиција во новата партија ќе има Зулфи Адили.
Валкво спојување очекуваат и од следат Движењето Беса и НДП на Фадил Зендели. Досега имало случаи на спојување на албански партии – Демократската народна партија на Илјаз Халими и Партијата за демократски просперитет на Албанците, кои во 1997 година ја формираа Демократската партија на Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Села ќе бара интервенции во Уставот: Во пасошите да стои Албанци/граѓани на Северна Македонија
-
Се бара оставка од Филипче – Алијансата на Албанците незадоволна од работата на министерот за здравство
-
Двајца обвинети за насилство кон Села признаа вина
-
Прекинато судењето за Села: Се онесвести еден од обвинетите