Добро познато е дека пушењето е штетна навика и за пушачите и за тие во нивна близина. Веројатно нема пушач што не се обидел да ги остави цигарите, но тоа не оди така лесно.
Но постои трик за кој велат дека е многу едноставен и дека им помогнал на многумина да се откажат од пушење.
Земете една лажица сода бикарбона и сипете во чаша вода. Промешајте, така да сосема се растопи содата. Секогаш кога ќе почувствувате потреба за цигара испирајте ја устата со напитокот.
Оваа едноставна течност носете ја и со себе секаде каде одите, кога и да ви се припуши.
Уште порадикален е советот да ги натопите цигарите во течноста.
Велат дека многу брзо ќе ги оставите цигарите.
Па, обидете се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.