| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп почна да апси: Рација во шест држави, стотици криминалци чекаат депортација

Американската имиграциона полиција во серија рации, уапси стотина имигранти без документи во неколку држави во САД во текот на изминатава недела.

Од имиграционата полиција потврдуваат дека нивни агенти изминатава недела извршиле рации во домовите и работните места на луѓето во Чикаго, Њујорк, Лос Анџелес, Северна и Јужна Каролина.

За време на рациите, кои започнале во понеделникот и траеа се до вчера, биле откриени десетина имигранти само од Јужна Америка, изјавува Џилијан Кристенсен од Министерството на внатрешна безбедност.

cnn

-Станува збор за луѓе кои претставуваат закана за јавната безбедност или закана по интегритетот на системот за имиграција – вели Кристенсен, истакнувајќи дека повеќето од уапсените лица се всушност сериозни криминалци, вклучувајќи и некои од нив кои биле осудени за убиство и семејно насилство.

Оваа рација е најголема од 26-ти јануари кога Доналд Трамп го потпиша контроверзниот декрет за забрана на влез на мигранти од седум претежно муслимански земји.

Во рациите, за кои официјални лица изјавија дека се организирани на тој начин да се таргетираат и да се најдат познати криминалци, уапсени се и неколку имигранти кои немаат кривично досие.

prekrsoci

Ова е очигледна отстапка од сличните рации кои беа спроведени за време на Обама, кога апсени беа исклучиво илегални имигранти кои сториле кривично дело во САД и тоа само за да бидат депортирани назад во својата земја.

Трамп вети дека ќе депортира дури 3 милиони илегални имигранти со криминално досие. Минатиот месец тој ја смени политиката на администрацијата на Барак Обама со која приоритет за депортирање претставуваа само осудените илегални имигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top