| четврток, 6 декември 2018 |

Забранетиот град: Базата на Црвената армија денес е морничава, полна со смет и воени спомени

Корозираните клучеви тропкаат додека Јирген Науман го бара точниот клуч. 40 клучеви држи во рацете. Тој е последен чувар на поранешното седиште на Црвената армија во Германија. Има пристап до сите згради на порано забранетиот комплекс, а дури 20 години по заминувањето на последните руски војници тоа и понатаму е ограничено подрачје.

– Со тек на време ги дознавате сите клучеви – вели Науман за британскиот весник „Гардијан”.

4887

Новинарот го води во огромна просторија каде од едната страна гордо стои слика на советска Москва. На другиот ѕид се гордее еднакво советскиот Александерплац во источен Берлин. Тоа се два света и две панорами кои денес повеќе не постојат.

5105

Комплексот, порано познат како Мала Москва или Забранетиот град, претходно бил дом за 75.000 Совети, мажи, жени и деца и се наоѓал на 40 километри оддалечен од Берлин. Во Винсдорф на војниците и нивните семејства им биле достапни продавници, училишта, дури и базен за пливање.

5119

Крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години ја променија Германија од темел. Двете држави се обединија, Берлинскиот ѕид падна, Советскиот сојуз се распадна и беше само прашање на време кога руските војници ќе бидат повикани назад во Русија. Сепак, тој ден кога конечно стигнала наредбата, војниците останале шокирани.

– Тоа беше вистинска лудница – се присетува Науман кој во тоа време собирал депозити од локалните деловни луѓе, пишува британскиот весник, а пренесе магазинот „Експрес”.

5184

На целиот хаос помогна збунетоста и несигурноста која завладеа. Војниците немаа поим каде одат и дали на крајот на патот ќе ги чека сместување. Некои собраа пари и купија автобуси, да можат барем семејствата да ги сместат привремено во нив, а пилотите на хеликоптерите ги ваделе седиштата и остатокот од внатрешноста од исти причини. По последната воена парада и откако и последниот војник го напуштил Винсдорф, останал огромен комплекс преполн со смет.

5239

Десетици илјади парчиња муниција и гранати, тони хемикалии, отпадно масло и батерии. Продавниците со стока на рафтовите, некои семејства во тоа брзање ги напуштиле своите домови па дури и домашните миленици ги оставале на улица. Слични сцени се одигрувале ширум Источна Германија: 380.000 војници и речиси 200.000 цивили распоредени на повеќе од 1.000 локации престојувале во Германија во моментот на распадот на Советскиот сојуз на почетокот на 1991 година. Само во близина на Винсдорф останале напуштени аеродромите кај Рангсдорф, Ораниенбург и Шунфилд.

5760 (1)

Дестици воени бази исто така се напуштени и се празни. На многумина се уште им е забранет пристапот, а локалните власти едноставно имаат поголеми проблеми. Распадот на Советскиот сојуз ја уништи економијата на источна Германија и сега властите повеќе се грижат за напуштените фабрики отколку за напуштените воени бази.

Винсдорф бил база и на нацистичките војници во текот на Втората светска војна, а се чини дека Советите останале импресионирани од германските градби бидејќи практично веднаш се вселувале во напуштените нацистички згради. Огромниот прилив на војници на Црвената армија многу значело за локалното население, иако дури и на нив пристапот бил официјално забранет.

– Можеше илегално да се влезе – се присетува Науман колку лесно било да се подмитат чуварите да ги пуштат домаќините во базата. Дури и кога фаќале некои од локалното население во базата, подоцна не биле премногу строги кон нив.

– Ги задржуваа 24 часа и мораа да лупат компири за казна – вели Науман.

5760

Кога Советите го препуштија управувањето со комплексот на сојузните германски власти, зградите почнаа да пропаѓаат поради не одржување. Сега само Науман останал да се грижи за над 200 хектари комплекс. Некои ретки посетители се одважуваат да влезат во напуштените згради.

– Понекогаш доаѓаат инвеститори за да ги разгледаат зградите и јас ги носам. Понекогаш стварно знае да биде празно, но понекогаш има толку работа што не знаете од каде да почнете – вели тој.

– Руските војници ми велат дека сакаат барем еднаш во животот да се вратат на боиштето каде војувале. Многумина одат во Авганистан за да се присетат каде се бореле. Ми дојде еден руски војник, карпа од човек и се расплака кога ги виде зградите – ја заврши својата приказна Науман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top